Прва трка на Мото ГП за Големата награда на Франција беше хаотична, со многу излетувања и осум возачи кои не ја завршија трката. Меѓу нив беа Марк Маркез, Пеко Бањаја, Маверик Вињалес, Алекс Маркез и Џек Милер.
Несаканиот крај на трката за Марк Маркез му овозможи на Италијанецот Марио Бецеки да го освои првото место на патеката во Ле Ман. Бецеки имаше одлична трка и на крајот заврши со значајна предност.
Хорхе Мартин заврши на второто место, откако Марк Маркез излета од патеката на два круга пред крајот. Домашниот возач, Жоан Зарко, заврши како трет. Бодови освоија уште Агусто Фернандез, Алеиш Еспаргаро, Бред Бајндер, Фабио Квартаро, Фабио Ди Џанантонио, Такаки Накагамаки и Франко Морбидели.
Трката ја одбележа и инцидентот во шестиот круг меѓу Пеко Бањаја и Маверик Вињалес создаде лоша сцена на патеката, бидејќи двајцата возачи најпрво се удрија при што излетаа во песокот ,надвот од патеката, за потоа да тргнат и физички да се пресметаат, при што мораа да реагираат и редарите на патеката.
Во секој случај, трката на патеката во Ле Ман беше напнато и неочекувано динамична, што донесе големо задоволство на фановите на Мото ГП.