Во судницата во Идризово каде денеска почна судењето за пожарот во дискотеката,,Пулс” на 16 март, кога загинаа 63 лица и повеќе од 200 беа повредени и чие лекување ќе биде макотрпно, присутни се повеќе од 50 родители на загинатите.
Родители, роднини и блиски на загинатите од рано утрово дојдоа пред судницата во најголемиот затвор, нетрпеливо чекајќи да почне судењето и барајќи правда за смртта на нивните чеда.
Прстот за вина го вперија кон сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, познат како газда Деко и кон неговиот син.
Родителите кои го чекаа носењето на Јованов од притвор од Куманово, револтирано и со огромна болка го нарекоа монструм и парољубец.