Наредните два месеца можно е да снема терапија за болните од рак на Клиниката за онкологија, особено за дијагнозите карцином на дојка и карцином на бели дробови, објави „Слободен печат“ од свои извори на Клиниката.
Според нив опасноста од недостиг е за околу 7 лекови, а причината е во тоа што лековите од тендерот се исцрпени, а нов ќе биде распишан деновиве. Додека да заврши постапката и бирократските процедури за новиот тендер ќе поминат месеци во кои ќе се создаде дупка во снабдувањето, бидејќи болницата повеќе не набавува лекови на реверс. туку само со одобрените буџети.
Затоа, овие неколку денови се клучни за болницата.
– Постапката за завршување на тендерот за лекови трае 90 дена и тие три месеци ќе бидат критични за пациентите доколку Клиниката не наиде на разбирање од Фондот за здравство, велат изворите за Слободен печат.
Повеќе тука