Можете да ги земате секој ден: Овие пет намирници го намалуваат крвниот притисок

од Вести365.МК Ј.Р.

Високиот крвен притисок е една од најраспространетите состојби кај нас и секогаш укажува на постоење на некој друг проблем.

Понекогаш нема лесно забележливи симптоми, па компликациите како што е мозочниот удар се јавуваат многу полесно, па затоа редовната проверка на крвниот притисок и регулирањето на исхраната се многу важни во превенцијата.

Постојат некои намирници кои особено помагаат во регулирањето на високиот крвен притисок, најмногу благодарение на флаванолите кои ги содржат.

ЈАБОЛКА

Вкусното овошје е преполно со антиоксиданси наречени флаваноли, за кои е докажано дека имаат корист за здравјето на срцето.

Др Дуан Мелор, диететичар од Универзитетот Астон у Бирмингем изјави: „Ова соединение на флаваноли им помага на нашите артерии да се опуштат, подибрувајќи нешто што се вика недотелна функција која им помага на нашите крвни садови за подобро да реагираат на стрес и го намалуваат ризикот од срцеви болести.

БОРОВИНКИ

Ова суперовошје обично доаѓа во сезоната во втората половина на јули и трае до поголемиот дел од август. Помагаат за проширување на артериите и намалување на обемот на работа на срцето.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Често занемарена основна храна, јаткастите плодови треба да бидат клучен дел од секоја урамнотежена исхрана.

Тие се одличен извор на витамини, минерали, антиоксиданси, омега-3 и мононезаситени масти – но погрижете се да изберете несолени сорти ако сте загрижени за вашиот крвен притисок.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Замената на шолја билен чај со зелен чај може да ви помогне да го намалите крвниот притисок.

Пијалокот – популарен во Азија – е полн со хранливи материи, вклучително и флаваноли.

АВОКАДО

Авокадото е одличен извор на мононезаситени масла, за кои студиите покажуваат дека може да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Тие исто така содржат витамин Е, кој исто така може да го намали притисокот кај луѓето со лесна хипертензија, покажуваат истражувањата.

Но, иако овие намирници можат да бидат корисни за вашето здравје, тие не се замена за добро балансирана исхрана и внимавајте да ја ограничите нездравата храна и навики.

Фото: Pixabay

Слични објави