МНТ ја подготвува „Иванов“ од Чехов

Македонскиот народен театар ја започна подготовката на новата претстава „Иванов“, од Чехов, чија премиера се планира за во месец мај. Името на Драгица Најческа стои зад преводот од руски, а Зоја Бузалковска ја подготви адаптацијата на текстот и режијата.

Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски се носители на ликовите во претставата.

Сценографијата е дело на Бузалковска, Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, а музиката на Давид Ангелевски.

Слични објави