Секој граѓанин има право на пристап до лековите потребни за квалитетен живот, истакнаа денес премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.
Во нивните обраќања во Владата на настанот посветен на здравствените политики, Мицкоски и Таравари нагласија дека е важно јасно и транспарентно да се прикажат предизвиците со кои се соочуваат институциите. Следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа на лекови.
„Пристапот до квалитетни лекови не е само приоритет, туку и основна владина определба за заштита на граѓаните и обезбедување на поздравата иднина. Треба да се зајакне соработката меѓу сите здравствени институции. Заедничките напори ќе доведат до одржливи решенија,“ истакна Мицкоски.