Мицкоски пред лидерската на разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата

Откако беше официјализирана лидерската средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партијата на Мицкоски соопштија дека средбата во среда ќе биде тет-а-тет.

Тие истакнуваат дека пред средбата со Ковачевски во клуб  на пратеници во наредните два дена, Мицкоски ќе изврши широки консултации со пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата.

Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Иако пред нецела седмица премиерот спомена дека освен лидерите на средбата би присуствувале и неговиот и тимот на опозицискиот лидер, сепак, во владиното соопштение во кое се информира за средбата се наведува оти таа ќе се одржи помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични објави