За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така и овој објект во Кочани. Градоначалникот многу детално даде еден осврт на тоа што овој има за цел да направи и која е неговата функција и колкав е бројот на дечиња што ќе бидат овдека што ќе бидат згрижени и којшто ќе можат да растат во рамките на овој објект, како што знаете дека долго време беше потребно за да биде пуштен во употреба целосно, посочи премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новата градинка во Кочани.

-Јас ќе ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам и на градоначалникот и на заменик-министерот во Министерство за социјална политика, демографија и млади, на советот, на