Во Агенцијата за разузнавање ме има повеќе од криминални кланови, информираше на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека го снимале и документирале секое негово движење со дронови и го третирале како терорист. Директорот на агенцијата се чувствувал загрозен од тогаш, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесе премиерот, а оперативците за да му се додворат на истиот тој директор дури и измислувале за активности и присуство на премиерот на настани и локации каде тој никогаш и не бил.
Заради осетливоста на материјалите, тие првин треба да бидат декласифицирани, за да и се обелоденат на јавноста.
Ова мора да прекине, не смееме да продолжиме да живееме во вакво општество, оцени премиерот Мицкоски.