Во салата на Владата, каде што се одржуваат прес-конференциите, мирисало на изгорени кабли.
Поради ова, доцнеше пресот на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Како што се додава тие биле префрлени во друга просторија, каде што вообичаено се одржуваат владините седници.
Службите на Владата треба да утврдат каде и поради што настанала миризбата во салата за прес-конференции. Од таму се земени и пултовите за говорење и префрлени во свечената сала.