Минималната плата во Европа се движи од 160 до 2.700 евра: Кој живее добро, а кој едвај преживува?

од Вести365.МК Ј.Р.

Милиони работници во ЕУ сè уште заработуваат минимална плата, и иако праговите треба да обезбедат основен животен стандард, во многу случаи тие не се во чекор со инфлацијата. Од јули 2025 година, месечната минимална плата пред одбитоците во ЕУ се движи од 551 евро во Бугарија до 2.704 евра во Луксембург, според податоците на Евростат.

Вклучувајќи ги и земјите кандидати, Украина има најниска минимална плата – само 164 евра. Пет земји членки на ЕУ – Италија, Данска, Шведска, Австрија и Финска – воопшто немаат законска минимална плата. Иако Луксембург води, а Украина е на дното, кога платите се прилагодени според куповната моќ, разликите изгледаат поинаку, објавува Eуроњус, цитиран од Н1 Хрватска.

Евростат ги класифицира земјите во три групи, а Eуроњус додава четврта за оние под 600 евра.

Највисока група (над 1.500 евра)

Освен Франција (1.802 евра), сите земји во оваа група имаат минимум над 2.000 евра: Луксембург, Ирска (2.282 евра), Холандија (2.246 евра), Германија (2.161 евра) и Белгија (2.112 евра).

Средна група (1.000 евра – 1.500 евра)

Неколку земји малку над 1.000 евра.

Долна група (600 евра – 999 евра)

Многу ниска група (под 600 евра)

Претежно земји кандидатки, вклучувајќи една членка на ЕУ: Македонија (584 евра), Турција (558 евра), Бугарија (551 евра), Албанија (408 евра), Молдавија (285 евра) и Украина (164 евра).

Картата јасно го покажува географскиот јаз: западните и северните земји се на врвот, средната група главно Јужна и Централна Европа, а источните и балканските земји доминираат во најниските класи. Според д-р Сотирија Теодоропулу од Европскиот институт за синдикати, повисоката продуктивност обично значи повисоки плати. Индустриските, финансиските и високотехнолошките економии работат подобро, а преговарачката моќ на работниците исто така игра важна улога.

Слични објави