Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски во четврток ќе го добие мандатот за нова Влада, и дека се очекува поддршка од сите политички субјекти за реформа на Владата.
Како што претходно најави ВМРО-ДПМНЕ, ќе има укинување на некои министерства, и фомирање на нови.
Според досегашните информации ВМРО-ДПМНЕ веќе има договорена соработка со ВЛЕН и ЗНАМ, а се очекува новото мнозинство да ја достигне бројката од 80 пратеници за двотретинско мнозинство.