Меџити: Како лекар, но и како министер, мислам не се доволни примањата на здравствените работници

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека како лекар, но и како министер, смета оти не се доволни примањата на здравствените работници.

– Со службените синдикати што ги познава Република Северна Македонија секогаш сме во тек, имаме состаноци со нив. Пред сѐ како лекар, но и како министер, секогаш мислам дека не се доволни овие примања, заедно ќе работиме и навистина работиме секојдневно. Како министер, за пет месеци, успеавме во два наврата да ги покачиме колку – толку, платите на здравствените работници, одговори Меџити на новинарско прашање за најавените протести на здравствени работници.

Слични објави