Меџити: ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи

од Вести365.МК Ј.Р.

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави попладнево Изет Меџити, по завршувањето на состанокот во коалицијата. Тврди дека, претседателот на едното крило на Алијанса за Албанците веќе имал склучен договор со Ахмети и не му биле важни нивните понуди иако му понудиле да добие 35 до 40 отсто од градоначалничките и советнички места.

Во коалицијата се убедени дека одлуката на Таравари на локалните избори да настапат со самостојни листи за советници не се базира на ставовите на базата и анкетите, туку е во интерес на ДУИ, со кои тој се среќавал во последните месеци.

Меџити не одговори конкретно ниту на прашањето, дали после ова ќе бараат од Таравари да си замине од владата. Рече дека, со договорот со ДУИ, тој се става на страна на корупцијата и тоа може да биде реален проблем на владата, но дополнително ќе дебатираат за ова прашање. Бараат да им се извини на тие 107 илјади граѓани за тоа што се случи.

Слични објави