Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска порача дека Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ.
-Треба да уважиме дека БиХ доби статус на кандидат, Косово веќе не треба визи за да патува во земјите од Шенген. Ова е затоа што ЕУ не е комплетна без Западен Балкан. Мисија за проширено европско семејство до 2030 година е мисија која требаше одамна да се случи. ЕП дава своја трајна поддршка за сите што сакаат да станат членови на ЕУ. Сите можат да дојдат кај нас, рече меѓу другото Мецола во своето видео-обраќање на Преспа Форумот за дијалог.
Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели, во овие години се вложени многу енергија и ресурси од страна на ЕУ и од Западен Балкан за да се пронајде заедничко решение.
-Постигнат е напредок, но многу често напредокот одеше премногу бавно и имаше многу фрустрации, но таму каде што има волја за помирување има и за пат кој оди напред. Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ, рече Мецола.
Посочи дека во Европскиот Параламент и ова е основната цел, како што рече Босна и Херцеговина доби статус на кандидат, додека граѓаните на Косово не треба да имаат визи за да патуваат во земјите од Шенген зоната.
-Дали она проширено европско семејство до 2030 година е невозможна мисија? Јас мислам дека е мисија, којашто одамно требаше да се случи и затоа треба да ја наречеме завршена мисија. Европскиот Парламент дава трајна поддршка за сите оние коишто сакаат да станат членови на ЕУ, порача Мецола.