Мерц ќе се обиде да ги обедини позициите на ЕУ и САД во пристапот кон Украина

од Вести365.МК Ј.Р.

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека ќе работи на обединување на Европа и САД во нивниот пристап кон Украина, за да и овозможи на неговата земја да изгради најсилна конвенционална војска во Европа и германската економија повторно да ја направи „мотор на раст“.

„Европа очекува нешто од нас“, рече Мерц во својот прв политички говор во парламентот и вети дека Германија ќе им понуди на „партнерите и пријателите сигурност и предвидливост“, пренесе АП.

Канцеларот рече дека „времето кога Германија едноставно се воздржуваше од важни прашања од европската политика, треба да заврши“.

Слични објави