МВР уверува: Македонските училишта се безбедни

По трагедијата во Белград, се подигна алармот во однос на безбедноста и во останатите училишта, не само во Србија, туку и во регионот, така и во Македонија.

На пример, уште денес во сите училишта во Република Српска бил испратен допис за тоа како да се постапи поврзано со трагедијата во Белград, а планирана е и средба со мултилатерален тим, кој има задача да постапува во случај на какво било насилство.

Од МВР пак велат дека училиштата во државата се безбедни.

-МВР, во рамки на своите надлежности, во координација со другите институции постојано презема мерки во таа насока. Што се однесува до делот на превенцијата, преку Одделенијата и отсеците за превенција подолг период се спроведуваат превентивни проекти кои се спроведуваат во основните и средните училишта преку кои непосредно се допира до проблемите меѓу младите и се работи на рано детектирање како и превенција на истите, соопштија од МВР за Локално.

Додаваат дека МВР континуирано спроведува акциски контроли за подигнување на безбедноста на учениците.

-Се вршат контроли на возила од јавниот превоз во кој се превезуваат ученици, се вршат прегледи на средношколците пред влегување во училиштата, угостителски објекти и објекти во непосредна близина на училишта каде се организираат игри на среќа, информираа од полицијата.

Слични објави