Девојка од скопската населба Илинден e исчезната, а апел за нејзиното пронаоѓање е објавен преку социјалните мрежи. Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите што можат да ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.
Според информациите, таа излегла вчера во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165см, тежина 56кг, а очите се кафено-зелени.
Министерството за внатрешни работи се огласи откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара.
„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Р. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.
На социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето и апел од нејзината мајка, во која наведува дека девојчето со име Клара е излезена вчера во 18 часот во Илинден, на себе има црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Висока е 1.65 сантиметри, тешка 56 килограми и има кафен- зелени очи.