МВР потврди, Перпарим Бајрами спроведен во „Шутка“

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава на граничниот премин Блаце за влез во Македонија се пријавил екс директорот на „Државна лотарија“, обвинет за проневера во службата.

-Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, посочуваат од МВР.

По Бајрами беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.

Слични објави