Атанас Илиев универзитетски професор на ФЕИТ 12 години не може да си ја види ќерката. Тој ја раскажува својата неправедна приказна и децениска борба против отуѓувањето од својата ќеркичка Лилка.
Како што вели за Сител, борбата за Лилка трае од денот кога нејзината мајка ја носи надвор од границите на Македонија и никогаш повеќе не ја враќа.
– Постапката во случај на меѓународно грабнување на дете е преку хашката конвенција која предвидува механизми кои детето веднаш го враќаат во земјата од која е изнесено. Но Лилка 12 г не е вратена дома. Тагата, копнежот, болката и неправдата си го земале својот данок.
Како што вели овој крик на болка е и крик за правда на сите родители кои бесправно и бесрамно се отуѓени од своите чеда.
25ти април е Светски ден за борба против родителско отуѓување. Отуѓувањето е тешка форма на семејно насилство во која сакајќи да му се нанесе болка на едниот од родителите всушност најмногу и најтешко се повредува детето.