„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид на почетокот на февруари

од Вести365.МК Ј.Р.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид во првата недела од февруари 2024 година, пишува „Марка“. Договорот на Французинот со мадридскиот клуб е на пет години.

Мбапе одбил бонус од 80 милиони евра за верност од ПСЖ за да премине во Реал Мадрид. Тој изјави и дека својата иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Европското првенство во 2024 година.

Во оваа сезона Мбапе одигра 39 натпревари на кои постигна 39 голови и 8 асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.

Слични објави