Маричиќ-Ескобар: Веруваме дека во наредниот период ќе продолжиме во правец за брзо членство во ЕУ

На конструктивната средба со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, потврдивме дека нашето стратешко партнерство ги зајакнува односите меѓу двете држави и нашето заедничко дејствување за напредок на целиот регион кон ЕУ, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ потенцирал дека заедно со премиерот Димитар Ковачевски ја изразиле подготвеноста на Владата и определбата за продолжување на сите реформски процеси кои се од клучно значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-Работејќи на нов напредок во преговорите со ЕУ, веруваме дека во наредниот период ќе ги оправдаме очекувањата на нашите сојузници и ќе продолжиме во правец за брзо членство во ЕУ, а САД ќе продолжи да ги поддржува реформите на патот кон ЕУ.

САД ги цени волјата и сериозниот пристап кој Северна Македонија го има кон евроинтеграцијата и одржувањето на стабилноста и мирот на целиот регион, што нѐ прави кредибилен и важен партнер на НАТО Алијансата, чиј придонес е признат и ценет, порачал Маричиќ.

Слични објави