„Максим“ ја избра најсекси жената во светот – Таа не е само модел, таа е движење (ФОТО)

Магазинот „Максим“ ја прогласи плус сајз моделот Ешли Греам за најсекси жена на светот во 2023 година.

„Максим“ традиционално ја објавува својата годишна листа Хот 100 за 2023 година, која ги наведува најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. На врвот ја ставија Ешли, едно од најпознатите имиња..

„Ешли Греам, кралицата на облините, е здив на свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на вашите облини, туку и во прифаќањето на себеси како што си“, рекоа во текстот за оваа убавица која беше откриена на 12 години во трговски центар.

Манекенката има над 20 милиони следбеници на Инстаграм, на кои секојдневно им порачува дека мора да ги прифатат своите тела, без разлика на големината и обликот. Таа во 2021 година роди близнаци и гордо позираше гола и објави реална фотографија.

Веднаш зад неа беа Марго Роби, Ана де Армас, Самара Вивинг, Сабрина Карпентер и други

Слични објави