Македонскиот Совет на амбасадори во писмо до Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија во Македонија изразува сочуство за трагедијата која утринава се случи во Белград, кога момче уби 8 соученици и член на обезбедување на училиштето во Врачар.
– Во овие тешки моменти за српскиот народ, дозволете ни во име на македонскиот Совет на амбасадори да Ви упатиме најдлабоки изрази на сочувство. Со огромен шок и неверица ја примивме веста за огромната трагедија во Белград која што заврши со загуба на млади животи и на образовни работници. Ова е настан без преседан во историјата на целиот регион. Во овие страотни моменти верувајте дека Вашата земја не е осамена и дека целиот Балкан ја дели болката и тагата заедно со граѓаните на Србија и со целото српско општество, пишува Македонскиот Совет на амбасадори.