ЛШ: На Бернабеу, Реал и Сити одиграа нерешено, дали Реал беше оштетен?

Динамичен и возбудлив полуфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши без победник (1-1). Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, се постави одлично,најпрво поведоа со голот на Виницуис Јуниор во 36-тата минута. но едно невнимание во второто полувреме по одличниот шут на Де Брујне, скапо го платија. Освен овој погодок на гостите, Тибо Куртоа беше одличен меѓу стативите, а одбраната феноменално си ја заврши работата. Најдобриот стрелец на Манчестер Сити со 51 гол, Ерлинг Халанд, беше практично невидлив и немаше ниту една сериозна шанса за погодок.

Иако дуелот на „Бернабе“ беше одлична увертира, финалистот во Лигата на шампионите во таканареченото „финале пред финалето“ ќе се решава на „Етихад“ на реваншот во Англија. Реал Мадрид досега двапати го елиминираше Манчестер Сити од ЛШ, но надежите на англискиот клуб за оваа сезона се големи.

Сепак по натпреварот голот на Манчестер Сити предизвика доста полемики, бидејќи имаше реакции дека топката го напуштила теренот пред да падне голот. Иако телевизијата „Беин“ направи анализа на моментот и Арсен Венгер изрази незадоволство, ВАР-технологијата не можеше да интервенира, бидејќи топката стигна до друг играч, па тој момент според правилата не е проверлив во ВАР-собата.

Реваншот меѓу двете екипи ќе се игра на 17 мај во Англија, а предноста на Манчестер Сити е дека ќе игра на домашен терен.

Слични објави