Лукаревска вели дека ДУИ заслужува да биде „длабоко во опозиција“

од Вести365.МК Ј.Р.

За последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавите за протести, СДСМ оценува дека правото на протест е загарантирано и тука нема дилема, вели пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска.

Сепак, додава таа, општа констатација и перцепција е дека откако ДУИ е во опозиција, слушаме за шатори пред Уставниот суд или имаме одредени изјави за можни немири, а најнова е најавата за некакви протести, односно, дека ќе се приклучат на протестите на родителите на настраданите во Кочани.

– Ако е така, кога дојдоа родителите пред Собранието, тие ги повикуваа пратениците од опозицијата да се приклучат кон нив. ДИ имаат пратеничка група. Зошто не излегоа тогаш да дојдат и да го слушнат гласот и бесот и да сочувствуваат со нивната мака, туку мора отпосле да се даваат едни вакви изјави? ДУИ ако се смета за една проевропска партија, тогаш треба да ги сметаме за прагматични и мудри политичари – со вакви наративи и изјави мислам дека ќе останат длабоко во опозиција. Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно – рече Лукаревска во гостување на Канал 5.

Според неа, не може само СДСМ да ја плати цената на нивното однесување, а ДУИ да повикува на протести и дека ако излезат еднаш на улица, нема да се вратат назад. Пратеничката бара од надлежните институции да постапат соодветно за изјавите на Ахмети.

Слични објави