Белгиското фудбалско првенство прикажа вистински трилер во последното коло, за на крај Антверпен го освои шампионатот, прекинувајќи го постот од 66 години без титула и земајќи го шестиот првенствен наслов во својата историја.
Пред последното коло, Антверпен, Унион Сен Жилоа и Генк имаа ист број на бодови и сите имаа шанси за освојување на титулата. Бидејќи Антверпен имаше предност според пропозициите во плејофот, со победа би можел да го осигура шампионскиот наслов.
Сепак, Антверпен имаше тешка задача, бидејќи мораше да гостува кај Генк, директниот конкурент. Истовремено, Унион Сен Жилоатребаше да чека грешка на Антверпен и да go победи Клуб Бриж на домашен терен.
Заплетот започна уште на почетокот на второто полувреме, кога Унион Сен Жилоа постигна гол и застана на водечка позиција со 1-0 против Бриж. Но, во последните моменти од мечот, Клуб Бриж изедначи на 1-1. Во истото време, Генк забележа водство од 2-1 против Антверпен, што го стави на врвот на табелата со 48 бода. Унион Сен Жилоа падна на 47, а Антверпен остана со истиот број од 46.
Сепак, во последните минути сè се промени. Најпрво екипата на Клуб Бриж постигна гол во 93-тата минута и го превзема водството против Унион Сен Жилоа, но тоа не влијаше на битката за првото место. Голот на Тоби Алдерверелд во мрежата на Генк во 94-тата минута, беше пресуден за да се прогласи Антверпен за нов шампион со 47 бода, Генк заврши на второто место со 46 бода, а Унион Сен Жилоаз излезе најголем губитник со 46 бода, во еден ден го загуби и второто место и квалификациите во Лигата на шампионите.
Таква и остана крајната табела, а несреќниот Унион Сен Жилоа, кој беше најдолго “шампион” во ова последно коло, не успеа да се квалификува ни за титула, ниту за второто место, што му носеше квалификации во Лигата на шампионите.