Хрватска ja победи Холандија во првиот полу-финален натпревар, по 120 минути игра со конечен резултат од 4-2, и се пласираше во финалето на Лигата на нации. По 90 минути игра, резултатот беше изедначен 2-2.
Холандија беше домаќин на завршниот натпревар во Лигата на нации, но наредниот натпревар што ќе го игра ќе биде за третото место.
Холанѓаните почнаа добро, со голот на Мален во 34-та минута поведоа со 1-0. Потоа, во вториот дел на натпреварот, најпрво Хрватска изедначи по пеналот на Крмариќ во 44-та минута, а во 72-та минута Пашалиќ постигна гол за превземање на водството од 2-1. Кога се чинеше дека Хрватска ќе победи, Ланг погоди во 96-та минута со последниот шут во регулниот дел од мечот и резултатот беш2-2, што значеше продолженија.
Во 98-та минута, Петковиќ постигна прекрасен гол:од далечина за ново водство на Хрватска, а во 116-та минута Модриќ го затвори мечот со гол од пенал и постави конечен резултат од 4-2.