Ламбе Алабаковски: Радосен и среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

од Вести365.МК Ј.Р.

Пејачот Ламбе Алабаковски за првпат во јавноста зборува за палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола во Бомбакис поткаст.

Алабаковскибил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.

Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави пејачот Алабаковски.

Во продолжение целосното гостување на пејачот Алабаковски во Бомбакис поткастот.

Слични објави