Куп на Германија: Лајпциг на крилата на Олмо, го прегази Фрајбург!

Вечерва во првата полуфинална пресметка од Купот на Германија, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо со гол и хет-трик на асистенции за едно полувреме му помогна на домакинот,екипата на Лајпциг да го прегази Фрајбург со конечен резултат 5-1, и го однесе во финалето. За разлика од минатогодишното финале на Купот, кое беше доста драматично, овојпат драма во полуфиналната пресметка воопшто немаше. Сѐ беше решено уште во првиот дел, кога фудбалерите на Лајпциг до врв ја наполнија мрежата на Фрајбург.

Сѐ започна по само 13 минути игра, кога Олмо погоди за водство, а минута подоцна ја запиша и првата асистенција за Бенџамин Хајнрикс да го дуплира водството во 2:0. Во 37-та минута Доминик Шобослај погоди третпат за Лајпциг на втората асистенција на Олмо, а во првата минута од надополнувањето во првиот дел и Кристофер Нкунку се запиша во листата на стрелци, а Олмо дојде до хет-трик во асистенции.

Јошко Гвардиол во 58-та доби црвен картон, а Фрајбург со фудбалер повеќе успеа само да дојде до почесен гол преку Михаел Грегорич на 15 минути пред крајот. Во 98-тата минута од натпреварот, екипата на Лајпциг ја круниса брилјантната ноќ со петтиот гол, втор за Шобослај преку пенал за конечни 5-1.

Во второто полуфинале утревечер играат Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт

Слични објави