Кулеба: Дајте ни оружје, викавте Русија е силна, а гледајте сега

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека сега е време да се напушти лажната неутралност и стравот од ескалација.

Кулеба зборуваше за бунтот на руската паравоена формација „Вагнер“.

„Оние кои рекоа дека Русија е премногу силна за да загуби – погледнете сега. Време е да се откажеме од лажната неутралност и стравот од ескалација… Дајте ѝ го на Украина сето потребно оружје; заборавете на пријателството или бизнисот со Русија“, напиша Кулеба на Твитер.

Тој посочи дека е време „да се стави крај на злото што сите го презираа, но премногу се плашеа да го соборат“.

Слични објави