Крис Пол поради повреда не можеше да го заврши вториот натпревар од серијата со Денвер

од Вести365.МК Ј.Р.

Kошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, го напушти теренот предвреме во натпреварот број 2 од полуфиналето на Западната конференција против Денвер. Пол мораше да оди во соблекувалната во третата четвртина поради повреда на левата нога. Тој го напушти теренот 4:32 пред крајот на сегментот од третиот натпревар. Повредата настана по борба за топка со Кентавиус Калдвел-Поуп. Денвер ја извојува втората победа (97:87) во серија прв до четири. На вториот натпревар ноќеска во НБА-плејофот, Филаделфија го победи Бостон со 119:115 и поведе со 1:0.

Слични објави