Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани

САД го откри, a македонските институции  го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот.

– Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДСМ. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ? САД потврди дека ДУИ е криминална, истакнуваат тие.

Од партијата додаваат дека сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат.

– ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. ВМРО-ДПМНЕ постојано алармираше за коруптивните и криминални афери и скандали поврзани со високи владини функционери, но институциите се во спрега со СДСМ и ДУИ. Бараме сериозна реакција од институциите, нагласуваат од партијата.

Слични објави