Крвав напад во Франција: Деца избодени со нож на игралиште

Неколку деца се избодени со нож во напад на игралиште во југоисточна Франција, јавуваат локалните медиуми.

Нападот се случил утрово околу 9:45 часот.

Вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба.

На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала напаѓачот пред да биде уапсен и пренесен во болница

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер напиша: „Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож. Поединецот е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата“.

Слични објави