Престолонаследникот на Јордан го освои срцето на архитект од Саудиска Арабија.
Престолонаследникот Хусеин од Јордан и архитект Раџва Ал Саиф од Саудиска Арабија се венчаа во четвртокот во палатата Захран во главниот град Аман.
На свадбата присуствуваа повеќе од 100 гости, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт, како и првата дама на САД Џил Бајден и нејзината ќерка Ешли.
Принцот Хашем бин Абдула, помладиот брат на престолонаследникот Хусеин, беше официјална придружба на невестата.
Свадбата на 28-годишниот престолонаследник и 29-годишниот архитект беше пренесувана во живо на социјалните мрежи.
Тие се венчаа според исламската церемонија.








Сите фотографии се заштитени со авторски права.
Извор: б92