Животот на Едвард Седми“, кралот Едвард се оперирал од карцином на базалните клетки лоциран веднаш до неговиот нос.
На кралот Едвард Осми (чичкото на Елизабета Втора кој абдицирал од престолот), му бил дијагностициран рак на грлото во 1971 година. Тој со години бил страствен пушач, а починал веќе следната ’72 година.
Војвотката од Јорк, Сара Фергусон во јуни лани откри дека боледува од рак на дојка, а потоа во јануари годинава објави дека има уште една дијагноза – малигнен меланом.
Пред четири години се појавија гласини дека британското кралско семејство го зафатила уште една здравствена криза, кога „Нејшнал енквајерер“ (National Enquirer) на својата насловница објави дека принцот Вилијам боледува од напреднат рак. Според тогашните наводи, тоа веќе била неизлечива фаза на болеста, за којашто војводата од Велс дознал откако се заразил со коронавирусот. Додека други медиуми ја означија веста како лажна, самиот принц не коментираше. Се чини, престолонаследникот боледувал од потежок случај на Ковид.