Костадиновска Стојчевска: Универзална сала готова во 2027

од Вести365.МК | М.Т.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска по вчерашното „крунисување“ на Универзалната сала,денеска во студиото на „Слободен печат“ рече дека реконструкцијата на репрезентативниот објект во Скопје ќе биде завршена во 2027.

Универзалната сала од вчера започна да ја менува стара покривна купола со нова во рамки на првата фаза од проектот за обнова на оваа културна институција. Министерката Костадиновска Стојчевска рече дека избраниот изведувач веднаш ќе започне со внатрешната реконструкција,штом ќе заврпи надворешната.

– Со ваква динамика за три години ќе биде завршена. Рокот што го постави владата е до 2027, но со оваа динамика може да биде завршена и нешто порано и да имаме целосно функционален објект,рече министерката.

Таа вчера нагласи дека со замена на старата купола непречено се одвива првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала која ќе ја обликува надворешноста на зданието

Слични објави