Кога ќе видиме крај на хаосот со паркинг кај Клинички

Продолжува секојдневниот хаос со паркингот кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.  Колите влегуваат на паркингот, вртат круг и не можејќи да најдат слободен простор, принудени се да излезат и да платат.

Дали е преземена некаква иницијатива за решавање на овој проблем прашавме во  Министерството за здравство за ТВ21 велат дека во однос на паркингот во комплексот клиники, идејното решение е финализирано.

„Беа извршени и консултации со засегнатите  групи“.

Новиот министер за здравство Фатмир Меџити во првото појавување пред медиумите рече дека приоритет е да се среди проблемот со паркингот.

Но, очигледно просторот не е доволен, а решението веројатно може да се најде само во новата клиника веќе одамна  најавена.  Меџити рече дека тоа и е неопходно на нашата земја,  додавајќи дека проектот го имаат на рака и штом ќе биде готов ќе го откријат во јавноста.

„Исто така многу важна работа за државата за која во последно време многу се зборува е Клиничкиот центар. Тоа значи дека ние ќе го продолжиме тој проект, го предвидовме во нашата програма, го имаме детално уредено и организирано. Ќе видиме времето и тајмингот кога ќе излеземе пред медиумите и кога ќе бидеме многу сигурни. Знаеме точно, ја имаме визијата, идеите, комплетниот проект и ќе излеземе и ќе го претставиме пред вас, медиумите“, вели Фатмир Мејхити.

Слични објави