Ковачевски и Османи се сретнаа со Обединетата македонска дијаспора

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД остварил средба со членови Одборот на директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). На средбата бил присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што информираат од Владата, на средбата биле споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието. „Премиерот Ковачевски ѝ се заблагодарил на ОМД за нивната улога во формирањето на Групата за пријателство во Конгресот, а воедно со соговорниците споделија мислења и заложби за уште поголем поттик на дијаспората, посебно на младите генарции да продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина и да земат активно учество во развојот на земјата и нејзина промоција во светот.

Слични објави