Новиот централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз на својата прва седница одржана вчеравечер избра четворица нови потпретседатели на партијата.
За потпретседатели на СДСМ се избрани поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, универзитетеската пофесорка од Правниот факултет Ана Чупевска, Кристина Костова од општинската организација на СДСМ во Штип, и Менде Илиевски од општинската организација на СДСМ во Битола.
Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово, Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од организацијата во Центар.