Кампацо на раскрсница помеѓу Атина и Мадрид?

Иако шпанските медиуми објавија дека Кампацо ќе ја напушти екипата на Црвена Звезда и ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, сепак во трката за потпис на аргентинскиот плејмејкер се вклучува и грчкиот клуб Панатинаикос со атрактивна понуда и план.

Панатинаикос продолжува со создавањето на моќен тим за следната сезона, а нивниот најнов чекор е понуда со богат договор на аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо, кој моментално игра за Црвена Звезда и сигурно ќе ја напушти. Панатинаикос му нуди значително поголема плата – 2,5 милиони евра годишно, со договор за три години. Панатинаикос сака да го привлече Кампацо во Атина, каде ќе биде еден од главните играчи во тимот на Атаман, а се надева дека со неговото засилување ќе можат да го нападнат врвот на Евролигата.

Сепак, Кампацо сè уште не ја донел конечната одлука, бидејќи исто така чека понудата од Реал Мадрид, спрема кој има и долг. Предизвикот за Панатинаикос е да успее да го привлече Кампацо, како прво засилување летово, пред да продолжи со доведување на квалитетни имиња за напад на Евролигата, под новиот тренер Ергин Атаман.

Кампацо е 32-годишен кошаркар кој има играно во НБА-лигата за Денвер Нагетс и Далас Маверикс, како и за Реал Мадрид, Пењарол и Мурсија. Во моментов игра во Евролигата и има просек од 15 поени и 5,9 асистенции по натпревар.

Слични објави