И пожарникарите се кренаа: Им требаат поголеми плати, униформи

Независниот синдикат на пожарникари со барање за измена и дополна на Законот за пожарникарство, истакнаа денеска пожарникарите по средбата со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Велат дека има низа слабости во досегашниот систем и итно е потребно централизирање на нивното раководство, а не да бидат под надлежност на општините, потоа почитување на нивните порава-за кои во моменталните услови велат дека ги немаат бидејќи министерката ги нема надлежностите, поголеми плати, регулирање на начинот на одење во пензија по навршената 45-та година како и универзални униформи.

Пожарникарите им дадоа рок на надлежните до септември, во спротивно ќе преземат радикални чекори. Претседателот додаде дека како синдикат активно учествувале во дебати, состаноци и доставиле низа поднесоци, со цел противпожарниот систем да се доусоврши и унапреди.

Слични објави