Иџе со нов рекорд и прво место во втората трка во Австрија, Давидовски истуркан во Португалија!

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стафановски Иџе, по осум години се врати на истата патека во Австрија, и на крајот заврши како победник во втората трка.

Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде местото број еден. За возбудата, адреналиност и гордоста да се биде победник по којзнае кој пат, Иџе напиша: Втора трка – 1 место и нов рекорд во група три иако со најдобро време во втората трка и поставување на нов рекорд во група три, сепак за неполна секунда неуспеавме да се избориме за прво место по собирањето на времињата од двете трки, но покрај се, сме задоволни од овој викенд, напиша Иџе. Борбата продолжува во Шпанија каде нашиот Иџе ќе се натпреварува на 6-ти и 7-ми мај.

Виктор Давидовски ја вози шестата сезона на европското ТЦР првенство (TCR Europe), а првите три трки се возат заедно со ТЦР Светската серија (TCR World Tour). Претходната година, Давидовски постигна голем успех со победата на трката на патеката „Пол Рикар“, како и со освојувањето на второто место во Светскиот ТЦР куп во Џеда, Саудиска Арабија.

Во првата трка на гран при викендот во Португалија на патеката Алгарве, Давидовски заврши на петтото место, додека во втората трка успеа да го престигне Фелипе Фернандез во борбата за третото место, но беше удрен од ривалот, кој за овој потег доби казна од стјуардите.

Давидовски изрази разочарување од нивото на фер плеј во некои ситуации, како и од недозволените постапки на некои од своите конкуренти. Сепак, се заблагодари на својот тим за одлично припремениот автомобил и најави подобра подготовка за следната трка, која ќе се оддржи во Франција.

Календарот на ТЦР Европа вклучува седум гран при викенди, а трките во По се закажани за 13-ти и 14-ти мај и пак ќе бидат заедно со елитата на ТЦР Светската серија.

Слични објави