Интер преку Аталанта, за место во ЛШ!

Милански Интер официјално го осигура пласманот во Лигата на шампионите откако ја победи Аталанта со 3-2 во претпоследното 37-мо коло во Серија А. Тие се придружија на Наполи и Лацио, кои веќе имаат осигурано место во европската елита. Сега, Интер може да се фокусира и подготви за финалето во Истанбул на 10-ти јуни, каде ќе се борат за европската титула против Манчестер Сити.

Во овој меч, Интер започна силно и веќе во првите 180 секунди Ромелу Лукаку и Николо Барела постигнаа по еден гол, донесувајќи им предност од 2-0. Марио Пашалиќ намали за Аталанта во 36-тата минута, но Лаутаро Мартинез го постави крајниот резултат со трет гол за Интер на 13 минути пред крајот. Во судиското надополнување, Луис Муриел даде втор гол за Аталанта.

Со овој победа, Интер сега има 69 бода и нема да може да биде надминат од Аталанта на табелата. Аталанта остана на петтото место со 61 бод и нема шанси да се пласира во Лигата на шампионите поради слаб меѓусебен скор со Милан, кој утре ќе игра против Јувентус, во дербито на ова коло.

Слични објави