Инсталирана модерна опрема во УХМР: Ќе обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема, вели Мицкоски

од Вести365.МК Ј.Р.

Денес извршивме увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики.

Како институција функционираат одлично. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите.

Слични објави