Инспекција ќе го проверува случајот за смртта на пациентот Тони Ангелковски кој почина од пукната аорта чекајќи операција на Кардиохирургија

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерот за здравство Арбен Таравари му наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши увид во документацијата на 59-годишниот пациент Тони Ангелковски, кој почина со пукната аорта чекајќи операција на државната Кардиохирургија, информираат од Министерството.

Како што објави „Слободен печат“, семејството на Ангелковски бара правда за неговата смрт и повикува на одговорност за случајот.

Горица Ангелковска, сопругата на Тони, за „Слободен печат“ вели дека на Клиниката ѝ кажале дека не можат да му направат операција на нејзиниот сопруг, затоа што немале услови, операциона сала и апарати.

Слични објави