Златан Ибрахимовиќ и официјално во пензија!

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски напаѓач, ja заврши својата успешна фудбалска кариера во дресот на Милан. Во последните неколку години, Ибрахимовиќ имаше проблеми со повреди, но сепак успеа да се врати на теренот и играше за Манчестер Јунајтед и Милан. Иако се појавија гласини дека може да се пензионира, по најавата дека нема да остане во Милан, имаше и можности за враќање во Шведска и игра во уште една сезона., Шведскиот ас има 41 година и заедно со „росонерите“ одлучија дека нема да го продолжи договорот, потоа се шпекулираше дека може да заврши во екипата на Монца кај Берлускони и Галијани, дека сака да игра уште фудбал, но дојде крајот.

Пред мечот помеѓу Милан и Верона, со прекрасна кореографија тифозите на Милан му посакаа збогум на 41 годишниот Ибрахимовиќ, кој понесен од силните емоции се расплака иза официјалниот крај на неговата фудбалска приказна.

Во својата богата кариера, Ибрахимовиќ одигра 819 натпревари и постигна 493 гола со 201 асистенции за различни клубови како Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Ибрахимовиќ освои 12 шампионски титули во својата кариера, вклучувајќи две со Ајакс, три со Интер, една со Барселона, две со Милан и четири со Манчестер Јунајтед. Тој го постигна најубавиот гол на сезоната во 2013 година и за него ја доби наградата “Пушкаш”. Дополнително, со Барселона го освои Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА, а во 2017 година ја освои и Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед

Слични објави