Зеќири за казната затвор: Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, ќе се жалам

Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири кој беше осуден на 2,5 години затвор рече дека ќе ја обжали пресудата, но изнесе и интересни работи за јавноста.

Според него во целиот процес не се докажала негова умисла за склучување на договорите.

– Јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече Мухамед Зеќири.

Додаде дека во завршниот збори кажал дека примерите во Владата, кога се задолжува генералниот секретар, експлицитно се наведува кога е во прашање спроведување на јавните набавки.

– Во овој случај не беше, а исто така и правните советници во Владата не се спротивставија. Не бев јас тој што ги гледаше договорите, туку ги гледаа правни стручњаци во Владата и во ниту еден момент не ми укажаа дека јас не треба да потпишам, изјави Зекири.

Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Слични објави