Зендели поднесува оставка ако ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на „20 отсто“ за албанскиот јазик

Пратеникот од партијата Беса, Фадиљ Зендели напиша на својот Фејсбук профил дека ја нуди својата оставка од местото пратеник во Собранието доколку владеачката коалиција СДСМ-ДУИ гласаат за отстранување на условот 20 отсто и во Уставот се впише албанскиот јазик.

Како пратеник поднесувам оставка, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20 отсто и во Уставот е впишан албански јазик, напиша пратеникот од Беса.

Ова следува откако вчера Демократската унија за интеграција (ДУИ) понуди оставка на своите министри од владата доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласа за амандманите поврзани со воведувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Слични објави