Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтер го стресе Скопје.
Земјотресот е регистриран на 4 километри одалеченост од Скопје во близина на тромеѓето помеѓу Македонија-Косово-Србија, и на длабочина од 5 километри.
Потресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), се случил во 9:54 часот по локално време и бил со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 5 километри.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на тромеѓето помеѓу С Македонија, Србија и Косово, на оддалеченост од четири километри од Скопје и 75 километри од Приштина.